Стрес - болест или состојба PDF Испечати Е-пошта

Стресот е последица на физичката, психичката или емоционалната состојба која предизвикува грижа, напнатост и хронична аксиозност. Тој се поврзува со современиот начин на живот и брзото темпо коe тој го наметнува. Повремени, кратки периоди на стрес се обично без последици, но кога ќе потраат подолго време влиjаат на здравјето. Стресот ги подига хормоните кортизол и адреналин кои предизвикуваат забрзана работа на срцето, потење, висок притисок и аксиозност. Како последица на силен стрес имаме срцеви заболувања (ангина пекторис), рак, настинка, несоница, автоимуни заболувања реуматиден артритис), срцев удар, висок крвен притисок, дијабетис тип 2, главоболка, чир, менструални пореметувања...

Со повторување на стресот се предизвикува физичка исцрпеност на одредени органи во организмот. Некаде предизвикува губење на јоните на калиумот што доведува до изумирање на клетките. Кај други пак ги намалува адреналните гликокортикоидни хормони, меѓу кои е и кортизонот и предизвикуваат снижување на шеќерот во крвта. На тој начин клетките не добиваат повеќе гликоза која го регулира шеќерот во крвта во текот на стресот.

Најдобра заштита од стрес е да се решаваат благовремено ситуациите кои го предизвикуваат. Треба да се зема здрава храна богата со протеини, затоа што тогаш се трошат најмногу протеини, да се користи повеќе свежо овошје и зеленчук, а да се избегнува мрсна храна, алкохол, цигари и кофеин.

Еве и неколку совети кои можат да ви помогнат да
го намалите и брзо да го совладате стресот:
• Смејте се почесто.
• Избегнувајте осаменост.
• Избегнувајте негативна реакција.
• Организирајте го ефикасно своето време.
• Дишете длабоко за да се опуштите.
• Спијте доволно.
• Наизменично напнувајте ги и опуштајте ги мускулите по 5 секунди одгоре надолу (лицето, вратот, градениот кош, надлактиците, подлактиците, рацете, стомакот, дебелото месо, бутовите, листовите и стапалата).
• Вежбајте три пати неделно или секојдневно шетајте барем по половина час.

 

Антистрес гранули
Природно средство за отстранување на стресот и нервната напнатост. Содржи валеријана и кантарион. Валеријаната е „божја трева“ која се користи за смирување, опуштање и релаксација. Кантарионот е благ антидепресант кој помага при депресија, меланхолија, нервоза, вознемиреност, тензија, загриженост, несоница. Се намалува стресот, се елиминира заморот, се зајакнува меморијата и чувството на сигурност, се отстранува нервната напнатост. Се подобрува интелектуалната и сексуалната активност. Го стимулира имунолошкиот систем и отпорноста на организмот при стресни ситуации, ги регулира емоциите и го контролира однесувањето. Исто така ја намалува возбудата, срцевата нервоза и хипертензијата. Има уште антибактериско, антивирусно и антиинфламаторно дејство. Се препорачува за возрасни личности после напорна работа, за одмор и релаксација.

 

Антистрес таблети
ImageImageПрироден препарат на билна база кој делува против стрес и нервна напнатост, ги подобрува психоемотивните состојби, потиштеност, вознемиреност, нерасположение, неза до волство и сон. Се пијат околу 3 таблети дневно во попладневните часови или пред спиење. Valeriana Offi cinalis - Ефикасно седативно средство е коренот од валеријана (Radix Valeriana) со чие сушење се појачува карактеристичниот мирис кој потекнува од изовалеријанската киселина, други компоненти иридоиди (како валтрат и изовалтрат) и мала количина алкалоиди. Валеријаната успешно се користи како хипнотик, седатив, благ аналгетик, спазмолитик, карминатив. Посебно се дава кај хистерични состојби, нервна возбуда, несоница, хипохондрија (малодушност), мигрена, дисменореја, реуматски сос тојби и др. Седативниот ефект, најверојатно, се должи на синергетското дејство на присутните материи, особено од борнил ацетат и балдрианат. Валеријанската киселина делува спаз мо литички и релаксирачки на мускулатурата. Валеријаната е ефикасна за подолга, систематска употреба кога постепено ги развива своите смирувачки ефекти и отстранува вознемиреност, загриженост, напнатост и нервоза.

ImageMelissa Offi cinalis - Листот од маточина (Melissa Folium) содржи до 02% етерично масло богато со над 250 различни компоненти: цитронелал, цитрал, нерол и др. Седативното дејство потекнува од присуството на разни терпени (незаситени јагленоводороди со пријатен мирис) чија единствена комбинација од таа група соединенија ја дава оргиналноста на маточината и репутацијата како средство за спиење, седатив, спазмолитик, дијаретик, карминатив, антимикроб (особено против гадење кај разни вирози припатени со гадење, температура, со или без пролив). Се користи кај вознемиреност на желудочно-цревен тракт, психовегетативни болести на срце, мигрена итн. Познато е нејзиното холеретичко дејство (регулира празнење на жолчна Ќеса) особено од присуството на рузмаринска киселина.

Hypericum Perforatum - Кантарион - Клиничките испитувања покажуваат дека само една активна компонента која се наоѓа во кантарионот - хиперицин - доведува до значајно подобрување на состојбите при анксиозност, депресија и чувство на бескорисност. Потврдено е дека хиперицинот е посилен антидепресант од некои фармацеутски синтетички лекови како Амитриптилин. Без никакви несакани ефекти кантарионот влијае на подобрување на квалитетот на сонот, што е голем проблем кај луѓе кои страдаат од тешка депресија. Кантарионот на тој начин ја отстранува исцрпеноста, беспомошноста и безнадежноста, главоболките и постепено пациентите се будат со чувство на свежина. Кантарионските цветови содржат до 94% хиперицин и на него слични материи (псеудохиперицин, изохиперицин и др), потоа флавоноиди (хиперозид, рутин, кверцетин и др) до 03% етерично масло со терпени, сесквитерпени и деривати на изовалеријанската киселина и до 3% хиперфорин, соединение со антибиотско дејство. Кантарионот е седатив, аналгетик и антисептик. Успешно се користи кај неуралгии и климатерични нервози, како и ноЌно мокрење во постела и други психовегетативни пореметувања. Тој исто така може да биде лек и за умерени и благи депресии. Не смее да се користи заедно со други антидепресанти. Се стопира употреба на алкохол (и пиво и вино), а поради содржината на тирамин ограничено се конзумира сирење, грав, харинга, чоколадо и кофеин бидејЌи се добива хипертензивен ефект (покачување на висок притисок).

ImageHumulus Lupulus - хмељот се користи за лечење на вознемиреност и несоница повеЌе од илјада години, се откога тоа растение стана популарна состојка во пивото. Седативното средство на хмељот очигледно го дава од етеричното масло кое директно делува на централниот нервен систем. шишарките на хмељот содржат над 150 горчливи и ароматични материи, хумолон, луполон, хумулен, хирцен, кардиофилен, лималол како и флавониди, полисахариди, протеини, танини и др. Хмељот е седатив, хипнотик, виростатик. Особено се користи кај несоници, немир, внатрешна напнатост, за зголемување на сексуалната возбуда (афродизијак).

Siberian Ginseng  (Eleuthorecoccus Senticosus) - Сибирски жен-шен - Делува адаптогено (адаптирање на организмот на разни ситуации), стимулативно (го зајакнува организмот и ја забрзува циркулацијата). Делува во борба против синдромот на хроничен умор.

Sambucus Nigra  - Бозел - има аромотерепевтски својства и делува смирувачки и релаксирачки.

Thymus Serpyllum - Мајчина душица - Богатиот хемиски состав на етеричното масло: линалол, цинеол, горки материи, танини и др. овозможуваат антимикробно, антисептичко, диуретичко и дијафоретичко дејство (детоксицира) има седативно и спазмолитичко дејство. Особено отстранува напади на анксиозност (непрекината вознемиреност со чувство на недостиг на воздух) и главоболоки предизвикани од напнатост и стрес. Мајчина душица го зајакнува нервниот систем особено при психичка и физичка оптовареност, психосоматско заболување на желудникот и жолчната ќеса, а е и одлично средство за ПМС и зголемување на полен нагон (апхродисиац), па се препорачува и при сексуални активности. Го опушта организмот, ја смирува напнатоста, освежува и бодри.

 

 

 

 
2007 (c) Doctors Products Business House Resen | Designed by: S Corporation Skopje
Site Meter