Медицински сапуни PDF Испечати Е-пошта

за секојдневна хигиена


ImageСАПУН ЗА БЛАГ ПИЛИНГ
Tоалетен сапун за нежен пилинг на кожата. Содржи 3% ситни честици камен за отстранување на мртвите клетки и секојдневна регенерација на кожата. Нежно ја чисти, освежува и тонизира кожата и ја прави мека и мазна. Погоден е за секојдневна употреба.

 

ImageАНТИЕГЗЕМА - КАТРАН
Се користи за темелно чистење и хигиена на заболена, проблематична и осетлива кожа. Се препорачува против првут, акни, псоријаза, егзема. Содржи активна состојка од природен боров катран. 

 


ImageСАПУН ПРОТИВ ИНФЕКЦИИ
Маслото од еукалиптус има оздравувачки ефект кај инфекции и херпеси. Ги одбива инсектите и ја смирува кожата воспалена по убодот. Содржи суперодмастувачи. Освежува и дезодорира, погоден е за честа употреба и е тестиран микро биолошки.



ImageАНТИАКНЕ - МЕНТА САПУН
Маслото од мента и анти-бактериските додатоци го отстрануваат вишокот на масно-тии од кожата, ја смалуваат можноста за појава на бактерии кои предизвикуваат гнојничиња. Содржи суперодмастувачи. Ја смирува и лади кожата. Микро биолошки е тестиран и е погоден за честа употреба.



ImageСУЛФУР САПУН ЗА ПРВУТ
Го намалува лачењето на лојните жлезди, Се препорачува против себореја (особено мрсна), првут, акни, митесери и шуга. Има антипаразитско дејство при допир на кожата со животни или инсекти. Содржи активна состојка - биоактивен сулфур.



ImageСАПУН ЗА ПЕГИ И ФЛЕКИ
Има активен ефект на белење и благ пилинг на кожата. Се препорачува кај хиперпигментација на кожата, пеги, флеки и темни дамки. Содржи активна состојка - бораксен декахидрат.

 



ImageСАПУН ОД МАСЛИНОВО MАСЛО

Природен сапун од маслиново масло. Ја чисти и регенерира кожата и и дава мекост, влаж ност и pH баланс. Се препорачува за сите типови кожа. Активна супстанца - природно маслиново масло, ладно цедено.

 



ImageИНТИМЕН САПУН
Наменет за секојдневно миење на целото тело. Нежно ја чисти кожата и ја штити од исушување. Благодарение на својата специјална антибактериска и дезодорантна формула ги спречува воспалителните процеси и ја отстранува непријатната миризба. Кожата ја прави помека и понежна.



ImageДОМАШЕН САПУН
Потполно природен сапун. Ја регенерира кожата и косата. Се препорачува при сабореа и првут. Посебно ја заштитува косата од опаѓање, го зацврстува коренот, го регулира лачењето на масните клетки, ја обновува и и дава влажност, сјај и волумен.



ImageКРЕМ САПУН
Благ и нежен, погоден за често миење. Нежно ја чисти, а истовремено и ја негува кожата. Содржи специјални состојки кои ги стимулираат процесите на навлажнување и хранење на кожата. Кожата ја прави мека, нежна и еластична. Посебно е погоден за нормална и сува кожа.



ImageПИЛИНГ САПУН

Нежно ја чисти кожата. Има пилинг ефект на мртвите клетки од кожата и врвовите од митесерите. Ја освежува и тонизира кожата. Активна супстанција се пченичните никулци. Погоден е за секојдневна употреба, посебно за ноќно чистење на лицето.



ImageХИПОАЛЕРГЕНИЧЕН-БЕБИ САПУН
За секојдневна хигиена на нежната и осетлива детска кожа. Произведен е од повеќе- кратно рафинирани чисти билни масла и состојки. Содржи суперодмастувачи и природен глицерин. Ја спречува дехидратацијата на кожата и и дава влажност, ја прави мека и еластична. Се препорачува за лица со посебно осетлива кожа.



ImageАНТИЦЕЛУЛИТЕН САПУН
Маслото од рузмарин го спречува пре ку мерното задр жу- вање на вода во ткивото и настанувањето на целулит. За постигнување на подобар резултат се користат ракавици за масажа. Го стимулира крвотокот, го смалува уморот и болката во мускулите. Ја тонизира кожата и ја прави помека. Микробиолошки е тестиран и е погоден за честа употреба



ImageСАПУН ЗА ТВРДА КОЖА

Тоалетен сапун за нама лување и отстра нување на тврдите форми и задебелувања на кожата. Содржи 12% ситни честици камен за отстранување на мртвите клетки и обновување и зголемување на крвотокот во сите зони на телото. Исто времено ја омекнува и хидратира кожата и ја прави мазна и еластична.



ImageСУПЕР МЕДИЦИНСКИ САПУН

За темелно чистење и хигиена на заболена, проблематична и осетлива кожа. Има дезинфекционо дејство и ги уништува микробите во кожата и косата. Штити од разни воспаленија и инфекции. Го намалува лачењето на масните жлезди. Се препорачува при акни, сабореја, првут, егзема и псоријаза. Активна состојка биоактивен сулфур и природен боров катран.

 
2007 (c) Doctors Products Business House Resen | Designed by: S Corporation Skopje
Site Meter